Лајчак најави продолжување на разговорите меѓу Белград и Приштина за динарот
Лајчак на Фејсбук објави, без да прецизира датум, дека ќе продолжат разговорите во Брисел на ниво на главните преговарачи на Белград и Приштина во врска со користењето на динарот бидејќи, како што додаде, се уште има одредени разлики меѓу страните по претходната средба од 18 април.