Од денеска задолжителни ПОС терминали во над 30 сектори во Грција, меѓу кои и пазарите и такси возилата
На пазарите, во трафиките, во такси возилата, мини маркетите во Грција, од денеска ќе може да се плаќа со картичка, со оглед на тоа дека ПОС терминалите се задолжителни во над 30 сектори во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.