Ескобар утре во Приштина на средби со државното раководство и со опозицијата
Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар се очекува да допатува утре во Косово, каде што, освен со челниците на државните институции, ќе се сретне и со лидерите на главните косовски опозициски партии, јави дописникот на МИА од Приштина.