Совет на Европа: Во Србија се врши притисок врз новинарите, државата ги контролира медиумите преку своите компании
Во Србија новинарите се изложени на заплашување и притисок, законот им овозможува на државните компании да купуваат приватни медиуми и со тоа да ги национализираат, а Србија се уште само делумно ја декриминализираше клеветата, соопшти денеска Советот на Европа.