Рама: Се отвора воздухопловната база на НАТО во Кучово, по првпат ќе полетаат беспилотните летала „Бајрактар“
Премиерот на Албанија Еди Рама, со објава на својата официјална страница на „Фејсбук“ сподели видео од моментот на склопување на беспилотните летала „Бајрактар“ кои, како што вели, ќе го направат првиот лет на церемонијата на отворање на воздухопловната база.