Кусари-Лила: Санкциите на ЕУ против Косово се бесмислени додека Србија подготвува агресија
Во изјава за новинарите по денешната седница на Претседателството на Собранието, Кусари-Лила рече дека е бесмислено мерките да продолжат да важат против Косово, додека има информации за агресивното однесување на Србија, кон која не се преземаат никакви мерки.