Протест на студентите во Атина против приватните факултети, пред Парлaментот одново ги испишаа имињата на загинатите во железничката несреќа
Денешниот протест не беше толку масовен како претходните седум, а студентите, како и секој четврток, побараа од Владата да го повлече предлог-законот за отворање приватни факултети, кој веќе е доставен во Парламентот и се очекува следниот петок да биде ставен на гласање пред пратениците.