Истражување: Сиромаштијата, невработеноста и високите цени на основните артикли се најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Косово
Според истражувањето „Пулсот на јавноста“ објавено денеска од Програмата на ОН за развој (УНДП), најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Косово се сиромаштијата (28,6 отсто), невработеноста (19,2 отсто) и високите цени на основните артикли (8,9 отсто).