Кетрин Иванова (43), Вања Габерова (30) и Тихомир Иванчев (39) беа осудени во Олд Бејли во Лондон под обвинение за заговор за собирање информации корисни за непријателска држава во периодот од август 2020 година до февруари 2023 година. Тие ги негираа обвиненијата.
Во 2023 година Бугарија е земја со највисока вкупна стапка на фертилитет во ЕУ (1,81 живородени деца по жена), потоа Франција (1,66) и Унгарија (1,55), соопшти Евростат.
Откако минатиот месец на островот беше регистрирана зголемена сеизмичка активност, министерката истакна дека сега се водат по научните податоци, но и дека безбедноста на жителите и посетителите е најважен приоритет.
Амбасадата на САД во Сараево ги оцени последните потези на властите на Република Српска (РС) како „намерна провокација кон уставниот поредок на БиХ и директна закана за стабилноста и безбедноста на државата, како и за стратешките цели на САД“.
ЕЕАС нагласува дека мора да се почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и уставниот поредок на Босна и Херцеговина и апелира до лидерите на Република Српска да престанат со политичкиот притисок врз јавните службеници за напуштање на институциите на државно ниво.
Анкетата се однесува на „пораките на демонстрантите од 28 февруари“ и била спроведена во периодот од 4 до 5 март на примерок од 720 лица над 17 години кои учествуваа во протестите низ цела Грција.
Владата на Црна Гора, на предлог на Министерството за финансии, одлучи да се задолжува со издавање државни обврзници во вкупен износ до 900 милиони евра, дознава „Вијести“.
Пратениците во грчкиот Парламент, вечерва ќе одлучуваат по барањето на четирите опозициски партии за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа кај Темпи, додека низ цела Грција закажани се нови протест, јави дописничката на МИА од Атина.
Албанската влада вчера одлучи да го затвори ТикТок на 12 месеци поради " содржината што ја објавува и која поттикнува насилство и малтретирање, особено меѓу децата".
Српска листа освои девет од десет мандати на српската заедница, еден мандат доби партијата на актуелниот министер за заедници и враќање Ненад Рашиќ.