Трајковски го собори македонскиот рекорд во скок во далечина стар 27 години
Помалку од една недела откако почна да настапува под македонското знаме, Андреас Трајковски го подобри државниот рекорд стар 27 години, прескокнувајќи седум метри и 33 сантиметри на Отвореното првенство на Шведска одржано изминатиот викенд.