Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон му даде поддршка на Валтери Ботас, заблагодарувајќи се за заедничките настапи во германскиот тим.
Македонската репрезентација во кикбокс освои 68 медали од кои шест златни, 21 сребрени и 41 бронзен во конкуренција на 200 натпреварувачи од шест држави.
Олимписката шампионка Белинда Бенчиќ ја совлада Ига Свјатек од Полска во 1/8 финалето на УС Опен со 2:0, по сетови 7:6 и 6:3. Мечот траеше 2 часа и 10 минути. Првиот сет се играше 1 час 24 минути, тај-брејкот заврши со резултат 14:12.
Македонската одбојкарска репрезентација попладнево во Тампере загуби од Шпанија со 3:1 и го забележа четвртиот пораз во исто толку натпревари на 32. Европско првенство.
Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас следната сезона ќе вози за Алфа Ромео, информира прес -службата на Формула 1. Тој потпиша повеќегодишен договор со тимот
Британскиот возач во Формула 1, Џорџ Расел го напушта тимот на Вилијамс на крајот од сезоната, откако потпишал договор со екипата на Мерцедес, пренесуваат денеска британските медиуми
Холанѓанецот Макс Верстапен победи денеска на домашен терен во трката за Големата награда на Холандија и со тоа го презеде водство во генералниот пласман сезонава во формула 1.
Кинеските спортисти со инвалидитет доминираа на Параолимпсиките игри што денеска завршија во Токио со освоени вкупно 207 медали, од кои 96 златни
Македонската одбојкарска репрезентација ја продолжи серијата порази на Европското првенство, откако попладнево загуби од фаворитот Турција со максимални 3-0 во сетови
Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, го совлада во осминафиналето на УС Опен Јапонецот Каи Нишикори и дојде на четири победи до рекордна 21 грен – слем титула