Четворица македонски мечувалци подготвени за СП во Египет
Египетската престолнина Каиро од утре ќе биде домаќин на Светското првенство во мечување во кадетска и јуниорска конкуренција, на кое ќе настапи четиричлена македонска селекција во состав Петар Србиноски, Јован Величкоски, Никола Николовски и Матеј Александровски.