Виктор Давидовски по едногодишна пауза се врати на трките во ТЦР Европа. Тој денес на легендарната патека „Монца“ го постигна својот досега најголем успех искачувајќи се на победничкиот подиум.
Шестиот светски рекет Стефанос Циципас го победи Кристијан Гарин на турнирот во Хамбург со 2-1, по сетови 7:5, 3:6 и 6:4.
Украинската тенисерка Елина Свитолина е победничка на турнирот во француски Стразбур. Таа во финалето, денес ја победи Елена Рибакина од Казахстан во три сета.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификациите за Големата награда на Русија.
Деветкратниот светски шампион во мотоциклизам Валентино Роси ќе ја продолжи својата тркачка кариера најмалку за уште една година во класата МотоГП откако претходно денес потпиша договор со тимот на Петронас Јамаха СРТ.
Големата ѕвезда на мешани воени вештини Конор МекГрегор може следната годинада се соочи со еден од најсилните боксери во својата категорија во последните неколку децении – Мани Пакиао
Поради обилните врнежи во текот на ноќта и неможноста да се санира скокалиштето одложени се за денеска планираните „Септемвриски коњички турнир“ и третото коло од Отвореното државно првенство во коњички спортови
12-кратниот шампион на „Ролан Гарос“, Рафаел Надал одигра само три натпревари во последната половина година, но Матадорот се смета за главен фаворит на турнирот, со оглед на неговата историја во Париз
Фернандо Вердаско нема да учествува на Гренд слем турнирот „Ролан Гарос“ поради позитивен тест за коронавирус
Возачот на Рено, Даниел Рикардо ги сумираше резултатите од денешните тренинзи пред Големата награда на Русија и го сподели своето мислење за шансите на тимот да се искачи на подиумот.