Ѓоковиќ: Ја пронајдов својата игра во решавачките моменти
Новак Ѓоковиќ го освои „Мастерс“ турнирот во Рим по победата со 7:5, 6:3 над Аргентинецот Диего Шварцман, а по завршувањето на мечот светскиот тенисер бр.1 го коментираше неговиот учинок во италијанската престолнина, како во финалето, така и во текот на целата недела.