Федерер и Вимблдон со порака до љубителите на тенисот
Поради пандемијата од коронавирус, годинава нема да има Вимблдон и љубителите на тенисот нема да можат да аплаудираат на своите миленици во Лондон, но организаторите им се обратија на милиони фанови на аристократскиот спорт со порака во поддршка на сите што се борат со подмолното заболување во моментов.