Ѓорческа во Анталија славеше над тенисерката Бујукакчај, следи натпревар со Гарсија-Лазаро
Лина Ѓорческа имаше импресивен старт на ИТФ Фјучерс турнирот во Анталија, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари. Најдобрата македонска тенисерка славеше над Турчинката Чагла Бујукакчај, прва носителка на турнирот и 177. на ВТА листата со 6:0, 6:2.