Руската тенисерка Марија Шарапова доби вајлд-карта за учество на Австралискиот опен, објавено е на веб-страница на турнирот
Хокеарот на Вашингтон, Александар Овечкин, стана третиот играч во историјата на НХЛ со постигнати најмалку 25 погодоци во 15 сезони по ред
Ред Бул и официјално објави дека Макс Верстапен останува во тимот најмалку до 2023 година. Холанѓанецот е многу среќен и верува дека со поддршка на Хонда, екипата ќе успее
Полскиот ски-скокач Давид Кубацки го освои трофејот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, откако вечерва го освои првото место во Бишофсхофен.
Поранешната петта светска тенисерка, Ежени Бушар денес во првото коло на турнирот во Окланд, Нов Зеланд, ја совлада Белгијката Кирстен Флипкенс со 2-0, по сетови 7: 5 и 7: 5
Репрезентацијата на Канада го освои трофејот на хокеарскиот Мундијал за играчи до 20 години, откако синоќа во финалето ја совлада Русија со 4:3
Словенија одигра многу драматични два сета со Белгија кои ги реши во своја полза со 25:23 и 28:26, а во третиот беше 25:20.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ смета дека постои ризик од одложување на Австралија опен поради големите пожари што беснеат на континентот. Создаден е чад кој може да го загрози здравјето на играчите.
Поранешниот прв рекет на светот Каролина Вознијацки потврди дека наскоро ќе стави крај на кариерата. По турнирите во Окленд и Австралија опен, данската тенисерка има намера да заврши со професионално играње.
Јапонската тенисерка Наоми Осака по еден од тренинзите сподели коментар за нејзиниот изглед