Неверојатната Шифрин со 13-та победа од почетокот на сезоната
Носителката на Светскиот куп за последните две сезони, Микаела Шифрин (САД) го освои слаломот од Светскиот куп во ски-алпски дисциплини во Марибор (Словенија). 23-годишната Шифрин беше најбрза по првиот спуст со 50,05 секунди и направи стабилно второ возење за 52,55 секунди, за да достигне до вкупно време од 1:42,60. За Американката тоа беше 13-та победа за сезоната и 56-та во кариерата за Светскиот куп.