Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), 70-годишниот Томас Бах, изјави дека нема да се кандидира за трет мандат на чело на олимпиското движење.
Кина и Соединетите Американски Држави со по 40 златни медали се најуспешните нации на Олимписките игри во Париз кои вечерва свечено ќе бидат затворени.
Кошаркарките на САД го освоија златниот медал откако вечерва ја совладаа Франција со 67-66 во женското финале со кое заврши натпреварувачкиот дел на Олимписките игри во Париз.
Српскиот кошаркарски репрезентативец Алекса Аврамовиќ е прогласен за најдобар одбранбен играч на Олимпискиот турнир, соопшти денеска ФИБА.
Актуелниот трикратен светски првак Данска ја потврди доминацијата во машкиот ракомет, освојувајќи го денеска своето второ олимписко злато со најубедлива победа во досегашните олимписки финалиња од 39-26 (21-12) над Германија во Лил.
Србија ја одбрани олимписката титула во ватерполо во машка конкуренција откако денеска во финалето на Игрите во Париз ја совлада Хрватска со 13-11 (5-2, 3-3, 3-3, 2-3).
Женската италијанска одбојкарска репрезентација го освои златниот олимписки медал на Игрите во Париз откако во денешното финале триумфираа во дуелот со американските одбојкарки со 3-0 (25-18, 25-20, 25-17).
Унгарката Мишел Гуљаш (23) го освои денеска златниот медал во модерен петобој на Олимписките игри во Париз со нов светски рекорд.
Шпанската машка ракометна репрезентација го освои бронзениот медал на Олимписките игри откако претпладнево во натпреварот за третото место ја совлада Словенија со 23-22 (12-12).
Атлетичарката Сифан Хасан денеска го освои златниот медал во женскиот маратон на Олимписките игри во Париз.