Биографска ТВ серија за Одри Хепберн
Италијанската филмска компанија Вајлдсајд најави драмска биографска серија за холивудската актерка Одри Хепберн. Снимањето ќе почне во 2020 година, а сценариото се заснова на книгата „Одри, мојата мајка“, објавена пред три години од нејзиниот син, исто така актер, Лук Доти.