Филмот „Аквамен“ со заработка од 822 милиони долари на светско ниво
Суперхеројската акција „Аквамен“ снимен по истоимениот стрип на Ди-си Комикс, досега оствари заработка од 822 милиони долари на светско ниво. Со тоа, филмот ја надмина и „Жената чудо“ од минатата година, која досега заработи 821 милион долари.