ФХ3Х учествуваше во ефектите на шест од 20 филма во трка за номинација за Оскар
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на шест од вкупно 20 филмови кои се најдоа во трката за номинација на Оскарите во оваа категорија за следната година, меѓу кои е и „Аквамен“. „Аквамен“ е најновиот член на Ди-Си Комикс Универзумот филм чија премиера е закажана за утре вечер во Скопје, една недела пред светската премиера.