Поради хомофобни ставови, Кевин Харт нема да биде домаќин на Оскарите
Иако пред два дена беше соопштено дека домаќин на доделувањето на наградите Оскар на 24 февруари 2019 година ќе биде Кевин Харт, тоа сепак нема да се случи. Причината поради која Харт нема да ја води престижната церемонија се неговите твитови, во кои изразува хомофобни чувства и ставови.