Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци
Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата во серијата „Синови на анархијата“, почина од срцев удар во 49-та година од животот. Неговото тело е пронајдено завчера вечер во домот на неговиот татко во Сан Хозе, Калифорнија.