Светска премиера на филмот „Ругање со Христос“ на фестивал во Монтреал
Нашиот игран филм „Ругање со Христос“, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и работен во соработка со продукции од Грција, Албанија и Словенија, светска премиера ќе има на Филмскиот фестивал во Монтреал кој се одржува од 23 август до 3 септември годинава.