Повеќе од 50 филмови на 21. Скопје филм фестивал
Повеќе од 50 филмови, работилници, гостувања на нови европски филмски имиња, како и филмска ретроспектива на Алфред Хичкок, ќе понуди 21. Скопје филм фестивал. Ќе биде отворен на 19 април во „Милениум“ со премиера на играниот филм „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски.