Босанскиот глумец Мирсад Тука почина на 58-годишна возраст, по долго и тешко боледување. Веста ја потврди близок семеен пријател.
Продуцентите на „Дедпул 3“ (Deadpool 3) ги објавија првите слики од снимањето на филмот, но и првиот трејлер... Така, најкоментирана подробност, се чини, е новиот „Вулверин“-костим...
Во Хрватска за догодина се подготвува филм најавен како „пионерски потфат на хрватската независна филмска продукција“ во контекст на светскиот тренд во кинематографијата.
Бред Пит е забележан во костим на британската патека „Силверстоун“ вчера пред „Гранд-при“ трката во Формула 1, каде се снимале сцени од неговиот претстоен филм за овој спорт.
Филмовите од целокупниот серијал досега заработија вкупно над две милијарди долари.
Некои обожаватели се тажни поради крајот, но други, пак, велат оти „треба да се знае кога да се прекине со она што е добро“, како што напиша еден корисник на Твитер.
Ѕвездата од серијалот филмови „Хари Потер“, Даниел Редклиф изјави дека нема да глуми во претстојната серија за познатото дете-волшебник.
Младиот американски глумец Дејвид Коренсвет е следниот што ќе ја нагрне црвената наметка на Супермен. Веста ја потврди режисерот на следниот филм за суперхеројот, Џејмс Ган.
Двојниот оскаровец Кевин Спејси денеска оди на судење во Лондон, Велика Британија, под обвинение дека пред околу 20 години сексуално нападнал четворица мажи.
Новата приказна временски ѝ претходи на оригиналната сага. Гарнер глуми млада танчерка која е изнајмена од постар пар во станот 7А. И, сѐ се случува пред таму да се всели Розмари Вудхаус - главниот лик од првиот филм.