Хорор-хитот „Тивко место 2“ (A Quiet Place Part II), во првиот викенд по премиерата заработи 48 милиони долари само во Северна Америка. Ова претставува рекорд во ерата на корона-пандемијата
Американската ТВ-серија „Сексот и градот“ остана без Саманта Џонс, но доби родово неутрален лик, во новите 10 епизоди од новата приказна, со наслов „И, така…“ (And Just Like That…)
Џуди Крајмер и Гери Гетман, продуцентите на „Мама миа!“ и „Мојот драг пријател“, ќе соработуваат со Ерик Рот – сценаристот на „Форест Гамп“ и „Ѕвездата е родена“, за филм за животот на легендарната американска пејачка Шерилин Саркисијан, попозната како – Шер.
Откако на изненадување на многумина го купија велшкиот тим Врексам, холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекилхени најавија снимање документарна серија за еден од најстарите фудбалски клубови во светот.
Долгоочекуваниот повторен собир на „Пријатели“ конечно доби термин за првото свое прикажување, по одложувањето на снимањето предизвикано од пандемијата на коронавирусот
Телевизиската серија „Вовед во анатомија“ сè уште има што да понуди. „Еј-би-си“ објави дека лекарската ТВ-драма ќе се врати и со 18-та сезона
Легендарниот роман на Френсис Скот Фицџералд – „Големиот Гетсби“ (The Great Gatsby) ќе добие своја театарска верзија како мјузикл
Оскаровскиот филм „Друга тура“ (Druk) ќе добие и своја холивудска преработка, а главниот актер Мадс Микелсен во новата верзија би можел да биде заменет со Леонардо ди Каприо. Сепак, како што пренесува „Варајети“, ова сè уште е неофицијално.
Серијата „Како ја запознав мајка ви“ (How I Met Your Mother) наскоро ќе добие продолжение под наслов „Како го запознав татко ти“
Американскиот режисер Мартин Скорсезе го почна снимањето на новиот филм „Убијците на цветната Месечина“ (Killers of the Flower Moon), заснован на истоимениот роман од 2017 година од Дејвид Грен. Снимањето започна во американската сојузна држава Оклахома