Почна снимањето на филмот „Сирена во Париз“
Продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“, како македонски продуцент почна со снимањето на филмот „Сирена во Париз“. Се работи за белгиско-француско-македонска копродукција, мјузикл и еден од најочекуваните кинематографски настани во Франција, во режија на Матијас Малзју, француска музичка суперѕвезда.