Филмот „Медена земја“ премиерно на 12 и 13 март на фестивалот „Македокс“
По постигнатиот успех на документарниот филм „Медена земја“ на фестивалот „Санденс“, каде освои три награди, првата затворена домашна проекција ќе биде на 12 и 13 март на фестивалот Македокс. Американската компанија за дистрибуција на филм „Неон“, ќе биде дистрибутер на филмот во Северна Америка. Целта на филмот е јакнење на свеста за зачувување на природата и фер искористување на природните ресурси.