Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денеска, се отвори 12-тото издание на Робомак и 4-тото издание на Робомак јуниор.
Тој додал дека од разговорот со министерот Тошковски, произлегла заедничка подготвеност за нови иницијативи и проекти, што, како што рекол, ќе ги засилат напорите за изградба на посилна заедница во која доследно ќе се спроведуваат законите и ќе се превенира криминалот,
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор за објект на улицата „Железничка“ близу ресторанот Љуц.
Во организација на Општина Центар во Паркот на Франкофонијата денеска се одржал музички хуманитарен хепенинг, каде се собирале средства за лекување на Кара Селовска.
Кара има 12 години и е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар. Поради сериозни компликации во моментов е хоспитализирана на клиниката во Барселона, Шпанија поради дијагностицирање на нејзината болест.
Притоа, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосница со булевар „Кочо Рацин“ до крстосница со булевар „Св. Климент Охридски“.
Општина Центар ја започна првата фаза од проектот „Смарт сити“ со инсталација на паметни светилки низ цела територија на општината.
Таа уште еднаш побара одговор каде, кога и од кого, е осигуран објектот на Универзална сала, на која вредност и за кои случаи на настанување на на штета.
Ќе бидат изведени дела од композоторите Сен Санс, Равел, Буланже, Штолцел, Пијацола, Хенсон, Капле, Форе и Шостакович.