Утре од 11:00 часот, поголем дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај
Утре со почеток од 11.00 часот, во организација на град Скопје – Сектор за заштита на животната средина и природата, ќе се одржи велосипедско дефиле под наслов: „Ден без автомобили“, со кое ќе се одбележи Европската недела на мобилност 2019 – Пешачи со нас.