Изменет сообраќаен режим на ЈСП поради градежните зафати низ Скопје
Од утре, сабота (31.08.2019 година) од 8 часот, до недела (1.09.2019 година) до 8 часот, поради градежни работи на бул. „Крсте Мисирков“, посочената сообраќајница целосно ќе биде затворена за сообраќај во правец од Бит пазар према Центар, на потегот од клучката Детелинка до вкрстувањето на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“ (кај Мавровка)