Ќе се отстранува органскиот отпад од скопските ниви за да се спречи палењето на стрништа
Град Скопје е прва единица на локална самоуправа во нашата држава која почнува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, со цел намалување на загаденоста на воздухот, зачувување на плодноста на почвата и намалување на ризиците од пожари во овој период, најави денеска на прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов