Богоев: Нема никаков правен акт за изградба на дом за возрасни лица во Карпош
Во Општина Карпош немало, а нема ниту во моментот, ниту предмет, ниту одобрение, ниту решение, ниту каков било друг правен акт што се однесува на дом за возрасни лица. Такво нешто во Општина Карпош не постои, одговори градоначалникот Стефан Богоев на новинарско прашање дали од невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски поднела барање за дозвола за градба на старечки дом во Општината