Пороен дожд, град и грмежи во југоисточниот дел на државата и во скопската котлина
Нестабилно време со пороен дожд, град и грмежи има во југоисточните делови на државава, Струмица и Радовиш како и во Пелагонија, Прилепско. Нестабилност во форма на невреме со пороен дожд и грмежи, а според радарската слика и со појава на град, ја зафати и скопската котлина, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.