„Трчам за децата со цистична фиброза“, Детска клиника на „Авицена женска трка“
„Трчам за децата со цистична фиброза“ е мотото под кое претставници на Клиниката за детски болести - Скопје, денеска се приклучија на „Авицена женска трка“. Годинава, тимот на клиниката ја посветува трката на покревање на свеста и поддршка на децата со една од најчестите ретки болести.