Шилегов во официjална дводневна работна посета на Брисел
Градоначалникот Шилегов, како претседател на ЗЕЛС и НАЛАС, е во дводневна работа посета на Брисел и учествуваше на дводневниот заеднички консултативен состанок на Комитетот на регионите од Република Северна Македонија со Комитетот на региони на Европската Унија, на кој главна тема беше улогата на локалните власти во процесот на интегрирање на земјата во ЕУ.