Наскоро нов асфалт и за улицата Љубљанска
Екипите на Град Скопје го реконструираат коловозот на улицата Љубљанска, во општина Карпош, којашто е една од најфреквентните улици во овој дел на градот. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.