Викендов изменет возен ред на ЈСП поради градежни активности на "Партизанска"
Ве информираме дека од утре, сабота (1.06.2019 година) од 6 часот, па до недела (2.06.2019 година), поради градежни активности, целосно затворен за сообраќај ќе биде булевар „Партизански одреди“ и тоа од вкрстувањето со улица „Бледски договор“ (после Поликлиника Букурешт) до вкрстувањето со улиците „Љубљанска“ и „Московска“ (ТЦ Сити мол), а автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени.