На новиот дрворед на кеј поставени плочки со имиња на новороденчињата
Екипите на Град Скопје почнаа да поставуваат плочки со имињата на новородените деца на дрвјата во градските дрвореди, во рамки на проектот „Дрво за секое дете“. На кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, денеска беа поставени 20-тина плочки на новите дрвја што беа засадени во минатата акција за зазеленување на градот.