Црвен картон за сите несовесно паркирани возила на паркиралиштата во Скопје
Од денеска, во рамките на втората фаза од едукативниот проект „Паркирај совесно“, учениците од трета година средно образование, кои во изминатите два месеци беа вклучени во интерактивните предавања за сообраќајна култура, ќе патролираат на паркиралиштата во Скопје и практично ќе го покажат своето знаење.