ЈСП во вторник со изменет режим на сообраќање, линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција
Од 7 до 16 часот во вторник за време на Апостолската посета на Папата Франциск ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција. Превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.