Богоев во студиска посета на Германија
На покана на Фондацијата Friedriech Ebert Stiftung (FES), градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, од 06-ти до 11-ти мај, ќе биде во студиска посета на Германија. Заедно со претставници од локалните самоуправи на повеќе земји, во меѓусебните дискусии, ќе разменат искуства во врска со социо - еколошките трендови во општините.