Картичката "Мој Карпош" - Линк за соработка со сите граѓани
„Тука израснав, тука живеам и чест ми е што денеска сум на средба со сите вас, пензионерите од Млечен“, започна градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на денешната инфо сесија за Мој Карпош – Моја Картичка, со повозрасните сограѓани од урбаната заедница Владо Тасевски.