Богоев на инфо сесија со пензионерите за мој Карпош - Моја картичка
Општина Карпош започна со серија на информативни сесии за проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“. Оваа картичка веќе е активна и граѓаните – жители на Карпош добиваат голем број на попусти и бенефиции во угостителски објекти (кафулиња, ресторани), аптеки, здравствени ординации, културни и спортски установи, авто – мото сервиси и сл.