Делови од општините Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош и Петровец, во одреден период од денот, нема да имаат струја поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Агенцијата за вработување денеска во просториите на Општина Аеродром го претстави оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година „Шанса за сите“.
Во недела (31 март), во пресрет на празникот на шегата- 1 Април во Скопје Зоо ќе се одржи голем детски маскенбал со почеток во 12:00. Забавата ќе започне со едукативна еколошка детска претстава „Зеленковци“, а потоа ќе има парада на маски и подароци за секое маскирано дете.
Клубот МК Ендуро Тим Водно – Скопје ќе биде организатор на Ендуро/крос паралелна трка која насекаде важи за една од нај атрактивните трки како за возачите така и за публиката.
Со финален натпревар во шест различни категории заврши десеттиот „Робомак 2019“, во рамки на Неделата на роботиката, што ја организираа студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). На натпреварот во Домот на АРМ биле квалификувани 22 од вкупно 29 екипи, соопштуваат од ФЕИТ.
Виз ер Скопскиот маратон ќе се одржи на 4 мај во Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт. Заинтересираните за учество во маратонот може да се пријават на официјалната веб страна на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/.
Над 600 хумани граѓани и тимови од компании денеска заедно со дечињата со Даунов синдром и нивните семејства се приклучија кон хуманитарна трка „Run for Down“ што ја организираше Мечувалечкиот клуб „Ескрим“
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со електрична енергија е поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во градот
По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, денеска во 11 часот во Градски парк на Школка ќе се одржи хуманитарна трка за деца со Даунов синдром – „Run for Down“, во организација на Мечувалечкиот клуб „Ескрим“, кој четврта година по ред го организира хуманитарниот настан за овие лица
Во Скопје се обновува и заштитува постојното и се подигнува ново зеленило. За само една година екипите на Град Скопје реконструираа 129.000 квадратни метри, а засадени се над 8.000 висококвалитетни садници на повеќе локации во градот