Продолжуваат акциите за чистење на црните точки во Скопје
Во рамките на неделата посветена на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, денеска започна акција за чистење на дивата депонија во дворот на Управната зграда на Заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“, во скопската општина Гази Баба, соопштуваат од претпријатието.