Шаренило во депото на „Изгубено-најдено“ на ЈСП – картички „Скопска“, паричници, клучеви, мобилни…
Околу сто изгубени персонализирани картички „Скопска“, најголем дел ученички, три паричници, две здравствени книшки, чифт клучеви, едно детско ранче, патна торба….. Овие предмети во моментов се наоѓаат во службата „Изгубено-најдено“ на ЈСП „Скопје“, што функционира речиси осум години.