Зимските служби на терен - се чисти снегот во Карпош
Зимските служби на Општина Карпош уште денеска почнаа да ги чистат покритичните, повисоки места во Општината. Во овие моменти се отстранува снегот во Жданец, Трнодол, повисоките места на Козле, Бардовци, Горно и Средно Нерези, како и долж сервисните улици во Карпош, се наведува во соопштението од општината.